Дома Фудбал Италија Бонучи: Добро што јас не бев во Мадрид, не знам дали ќе можев да се контролирам!

Бонучи: Добро што јас не бев во Мадрид, не знам дали ќе можев да се контролирам!

Леонардо Бонучи во интервју за италијанските медиуми зборуваше за ситуација во која се најде Јувентус проти Реал Мадрид и за досудениот пенал во последните секуди.

Бонучи истакна дека е среќен поради Рома и разочаран поради Јувентус, но дека му е драго што не бил актер на „Сантиаго Бернабеу“ таа ноќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ова беше недела полна со емоции. Многу сум среќен поради Рома, а тажен поради Јувентус. Не се случува секој ден да постигнеш три гола на Бернабеу. На крајот одлучи тој спорен пенал, но Јуве покажа дека е тука, на самиот врв“, изјави онучи.

„Му благодарам на Бог што не бев таму кога беше свирен тој пенал. Не знам дали би можел да се воздржам да не направам некоја глупст“, додаде дефанзивецот кој до минатото лето го носеше дресот на „бјанконерите“.

Бонучи потоа проговори за моменталната ситуација во Милан.

„На почетокот не можевме ни да разбереме каде грешиме и поради тоа не можевме ни да се подобриме. Сега растеме како тим и од ден на ден сме се подобро. Голема улога во тоа има Гатузо. Во вториот дел од сезоната ние сме трет тим во Серија А веднаш позади Јуве и Наполи“, истакна капитенот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Човек кој чува овци не може да има авторитет врз судијата што ја оштети Звезда”

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото …