Дома Трансфер зона Бонучи верен на „старата дама“: Потпиша до 2021 година!

Бонучи верен на „старата дама“: Потпиша до 2021 година!

Леонардо Бонучи важи за еден од најбараните дефанзивци во Европа, но Италијанецот и остана верен на „старата дама“ и денес потпиша нов договор до 2021 година.

Неговиот потпис беше еден од приоритетите на раководството на клубот, а за новиот договор доби и зголемување на годишната плата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Бонучи летово се „тепаа“ премиерлигашите Манчестер Сити и Челзи кои нудеа 60 милиони евра, но дефанзивецот реши да остане во Торино.

Бонучи пристигна во Јувентус во 2010 година и оттогаш е незаменлив дел од тимот на „бјанконерите“, а досега има 291 настапи и 16 гола за составот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Од Реал Мадрид заминува фудбалерот со најдолг стаж во клубот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продо…