Дома Фудбал Англија Бонусите кои Ибрахимовиќ ги добивал за секој постигнат гол се НЕВЕРОЈАТНИ

Бонусите кои Ибрахимовиќ ги добивал за секој постигнат гол се НЕВЕРОЈАТНИ

Златан Ибрахимовиќ ја заврши оваа сезона во Манчестер Јунајтед поради повреда на коленото, но заработи огромна сума на пари.

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ до сега заработи голема сума на пари во Манчестер Јунајтед. Фудбалерот кој пристигна бесплатно, неделно заработува по 367,640 фунти, но без никакви бонуси. Доколку ги вклучиме бонусите, вкупната заработена сума е далеку поголема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ибрахимовиќ до сега постигна 28 гола во дресот на Манчестер Јунајтед, а за секој гол добивал бонус. За некои голови и до 143,000 фунти.

Вкупно, до сега има заработено 2,86 милиони фунти само за головите кои ги постигнал оваа сезона. Кога ќе ја погледнеме годишната плата и бонусите, тој е најплатениот фудбалер во историјата на Премиер лигата.

Еве и како изгледале тие бонуси:

– за првите пет голови добивал 47,000 фунти за гол;
– до десет гола добивал по 79,000 фунти за еден гол;
– до 15. гола во сезоната добивал 111,000 фунти;
– до 20. гола во сезоната добивал 143,000 фунти;
– до 35. гола било планирано за секој гол да добие 119,000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на него…