19-годишниот голгетер Ервинг Халанд оваа сезона ги воодушеви европските гиганти со своите настапи во дресот на Салцбург.
На натпреварот против Ливерпул, Халанд беше следен од 40 скаути, па медиумите најавија голема битка за неговиот потпис во зимскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека Халанд вчера пристигнал во Дортмунд и започнал преговори со Борусија, која сега се смета како фаворит за неговиот потпис.
За Норвежанецот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен…па се очекува жестока битка за неговиот потпис.
Норвешките медиуми пак пренесуваат дека Халанд во овој период ќе посети неколку клуба за да ги види условите кои му ги нудат, а потоа ќе донесе конечна одлука за својата иднина.
Erling Haaland has travelled to Germany for talks with Borussia Dortmund, reports Ruhr Nachrichten ?
— Goal (@goal) December 12, 2019
Good move for him? ? pic.twitter.com/mHy58f7bmh