Реал Мадрид минатата сезона за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.
Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми на врвот на листата желби на „кралевите“ е Ромелу Лукаку.
Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема.
„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.