Дома Топ вести „Бомба“: Раиола го предложил Погба на Ливерпул

„Бомба“: Раиола го предложил Погба на Ливерпул

Агентот на Пол Погба, Мино Раиола го предложил играчот на Ливерпул, тврди еминентниот француски медиуми „Le10Sport“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска после заминувањето на Вајналдум, па Раиола му го понудил Погба иако тоа може да доведе до „земјотрес“ на Острот.

Погба влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед и засега одбива да ја продолжи соработката. „Црвените ѓаволи“ ризикуваат ако не го продадат сега, следното лето може да замине без обештетување.

Раиола имал разговор со првите луѓе на Ливерпул, кои одговориле дека не се заинтересирани во моментов, бидејќи не сакаат да преговараат со големиот ривал Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, „црвените“ потврдиле дека ќе бидат заинтересирани да постигнат договор со Погба во јануари за да го добијат следното лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…