Дома Трансфер зона Бомба: Позната следната дестинација на Луис Енрике!

Бомба: Позната следната дестинација на Луис Енрике!

Италијанските медиуми тврдат дека Лучијано Спалети е блиску до клупата на Јувентус и дека веќе постигнал договор со раководството на „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа Спалети одби да го продолжи договорот со Рома и беше јавно критикуван од претседателот на клубот, Џејмс Палота.

Наводно „волчицата“ веќе бара негова замена, а според италијанските и шпанските медиуми припрема вистинска „бомба“.

Имено, Рома ќе се обиде во своите редови да го донесе Луис Енрике кој на крајот на сезоната ја напушта Барса и ќе биде слободен.

Енрике во минатото ја тренираше „волчицата“, без некои големи резултати, но сега наводно ќе добие добар буџет за засилувања.

Медиумите тврдат дека од следната сезона спортски директор на Рома ќе биде директорот на Севиља Мончи, а тоа е дополнителен адут за „волчицата“ да го убеди Енрике да се врати на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…