Шпанскиот медиум „Диарио Гол“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Миралем Пјаниќ би можел да го напушти Јувентус уште во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, медиумот тврди дека Реал Мадрид бара замена за Лука Модриќ, кој е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ и во Пјаниќ гледаат идеална замена за Хрватот.
„Пјаниќ веќе ја освои Серија А и се што можеше да се освои во Италија, па сигурно ќе сака нова авантура во друга лига, а Реал Мадрид е клуб кој не може да го одбие“, пишува „Диарио Гол“.
Меѓутоа, Манчестер Јунајтед исто така покажува силен интерес за Босанецот и е спремен да плати 85 милиони фунти за неговиот потпис.
28-годишниот плејмејкер има договор со „старата дама“ до 2023 година, но наводно е заситен и смета дека е вистинско време за нова авантура.
Сепак, тешко е да се поверува дека Јувентус ќе му дозволи да замине на средина од сезоната, особено поради фактот што Пјаниќ е важна алка во тимот кој сака да освои Лига на шампиони.