Пред извесно време шпанските медиуми пренесоа дека Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет.
Според „Мундо Депортиво“ 24-годишниот Французин се смета за алтернатива на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните денови медиумите пишуваат дека Барселона се откажала од Гризман бидејќи дел од соблекувалната е против неговото доаѓање на „Камп Ноу“.
Шпекулациите се зголемија денес кога Лаказет беше виден во Барселона, па медиумите тврдат дека дошол на средба со раководството на Барса заедно со својот агент.
Раководството на Барселона верува дека Французинот би бил иделна замена за Суарез, кој има 32 години и полека се бара негов наследник.
Лаказет сезонава постигна 18 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања за Арсенал, па „топџиите“ сигурно нема лесно да се откажат од него.