Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Атлетико Мадрид постигнал договор со напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Јорганџиите“ ова лето најверојатно ќе останат без Антоан Гризман, па веќе се во потрага по негова замена.
Првата желба на Симеоне беше Пауло Дибала, но Аргентинецот е премногу скап и конкуренцијата за неговиот потпис е многу голема.
Поради тоа Атлетико се насочил кон напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, а последните информации од Шпанија се дека клубот постигнал договор со Уругваецот.
Кавани во ПСЖ заработува 12 милиони евра по сезона, но се согласил во Мадрид да зема помала плата, а да добие подол договор. Притоа, голема улога во преговорите одиграл неговиот пријател Диего Годин.
Сега останува Атлетико да се договори со ПСЖ, а медумите пренесуваат дека „јорганџиите“ се спремни да платат 65 милиони евра за потписот на Кавани.
#premiumsport#MundoDeportivo: "#Atletico, #Dybala troppo caro: principio di accordo con #Cavani". https://t.co/dTwDO4PdzW
— PremiumSportHD (@PremiumSportHD) May 8, 2018