Дома Фудбал Останато „Бомба“ од Франција: Зидан седнува на кормилото на ПСЖ

„Бомба“ од Франција: Зидан седнува на кормилото на ПСЖ

Француските медиуми пренсуваат дека Зинедин Зидан е блиску до преземање на кормилото на Пари Сент Жермен.

Информацијата ја објави новинарот Даниел Риоло од радио „Монте Карло“, кој тврди дека Зидан се договорил со ПСЖ и само се чека официјализацијата на отказот на Покетино.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Станува збор за еминентен француски новинар, кој прв го објави трансферот на Лионел Меси во ПСЖ и сега тврди дека Зидан ќе биде нов тренер на „светците“.

Изминатите денови се тврдеше дека Зидан ја одбил понунадата на ПСЖ, бидејќи преферира да седне на кормилото на француската репрезентација.

Меѓутоа, „светците“ не се откажуваат, Зидан е прв избор и се спремни да го направат најплатен тренер во светот со годишна плата од 25 милиони евра.

Зидан освои 11 трофеи како тренер на Реал Мадрид, меѓу кои и 3 во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…