Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Санчо се договорил со Јунајтед

„Бомба“ од Островот: Санчо се договорил со Јунајтед

Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

„Скај Спорт“ пренесува дека Санчо веќе ги известил челниците на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот и да се врати во Англија.

Наводно Санчо веќе постигнал комплетен договор со Манчестер Јунајтед, па останува уште клубовите да се договорат околу обештетувањето. Се очекува Дортмунд од неговата продажба да инкасира околу 100 милиони евра.

Тоа ќе биде одлична зделка за германскиот клуб кој го откупи Санчо од Манчестер Сити за само 8 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…