Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Ериксен се договори со Манчестер Јунајтед

„Бомба“ од Островот: Ериксен се договори со Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен ќе се пресели во редовите на големиот ривал.

Ериксен влезе во последната година од договорот и веќе има право да преговара со заинтересираните клубови, а во јануари ќе може да потпише преддоговор со новиот клуб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За него инетерс покажуваат неколку европски гиганти, но медиумите на Островот тврдат дека Данецот веќе се договорил со Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го реализираат трансферот во јануари и се спремни да понудат 40 милиони евра.

Таа сума најверојатно ќе биде прифатена од страна на „спарси“ бидејќи на лето можат да го загубат Ериксен без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…