Манчестер Јунајтед во изминатиот период има проблеми со нападот, а сега клубот од „Олд Трафорд“ наводно покажал интерес за Бојан Миовски, тврди „Дејли Рекорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Миовски игра одлично во шкотски Абердин и е најдобар стрелец на овој тим, па со таквите настапи го привлекол и интересот на англискиот гигант.
Од Абердин претходно истакнаа дека Миовски не е на продажба, меѓутоа ако пристигне адекватна понуда може да замине. Во Манчестер Јунајтед Миовски би можел да биде замена за Ентони Марсијал за кој се најавува дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Договорот на Миовски со Абердин е со важност до 2026 година. Претходно македонскиот голгетер најчесто се поврзуваше со Селтик.
