Медиумите на Островот пренесуваат дека Пеп Гвардиола е желба на Фудбалската асоцијација на Англија и спремни се да направат се за да го доведат.
Најавите на Островот се дека тие се решени да го чекаат крајот на неговиот договор со Манчестер Сити кој завршува во јуни 2025. Во меѓувреме привремено би се назначил домашен тренер кој ќе ја води репрезентацијата додека пристигне Пеп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Саутгејт функцијата селектор на Англија ја напушти по осум години и во тој период играше две финалиња на Европско првенство, едно полуфинале и четвртфинале на Светско првенство. Тоа секако се подобри резултати од она што го остваруваше Англија во минатото.
Фудбалската Асоцијација на Англија сакаше Саутгејт да остане и како што се пренесува му била понудено продолжување на соработката, но негова одлука била да се повлече.