Дејан Манасков е нов член на Еурофарм Пелистер и од денес им се става на располагање на новите соиграчи и членовите на стручниот штаб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Левото крило со богата интернационална кариера се очекува да биде големо засилување за битолскиот состав во вториот дел од сезоната. 31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија.
Maнасков беше првак на Македонија и Унгарија, неколку пати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн во дресот на Веспрем, ја освојуваше СЕХА лигата, а во својата витрина има многу индивидуални признанија.
Првиот тренинг со новите соиграчи Манасков ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.