Дома Останати Кошарка „Бомба“ од Белград: Партизан преговара со Кампацо!

„Бомба“ од Белград: Партизан преговара со Кампацо!

Во српските медиуми утрово беше најавена вистинска трансфер-бомба, Партизан преговарал со Факундо Кампацо!

Славниот аргентински кошаркар според информации е во преговори со белградскиот гигант и „црно-белите“ му нудат едногодишен договор, конкурент за неговиот потпис наводно ни помалку, ни повеќе е Реал Мадрид каде што одличниот плејмејкер ги помина најдобрите денови.

Кај Партизан се очекува да стигне нов плејмејкер после повредата на Алекс Аврамовиќ, а секако дека информацијата за Кампацо е голема вест.

Белграѓани се подготвуваат за враќањето во европската елита, а сезоната во АБА лигата ја започнаа со сиугрна победа против Цибона. Ќе потсетиме, во понеделник Партизан од 16:00 часот му гостува на МЗТ Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…