Килијан Мбапе ќе биде „најжешка“ трансфер тема следното лето бидејќи се очекува да го напушти Пари Сент Жермен.
Реал Мадрид веќе долго време работи на трансферот и важи како фаворит за потписот на младиот Французин, но сега „кралевите“ добија жестока конкуренција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус следното лето нема да жали пари за да го донесе Мбапе во Торино.
Според информациите на „Тутоспорт“ и „ЕПН“, Јувентус е спремен да понуди фантастични 400 милиони евра за услугите на Килиан Мбапе.
Јувентус е спремен да се откаже од својата ѕвезда Кристиано Роналдо, кој би можел да заврши токму во ПСЖ како замена за Мбапе.
Следната година, Роналдо ќе има 36 години и ќе остане само уште една година од договорот, според кој добива 31 милиони евра годишно. Медиумите тврдат дека „старата дама“ е спремна на Мбапе да му понуди годишна плата од 45 милиони евра плус бонуси.
Сето ова покажува дека Мбапе ќе биде главна тема следното лето, бидејќи покрај Реал и Јувентус, и Ливерпул исто така ја следи ситуацијата.