Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Роналдо го напушта Јувентус и се враќа на Островот

„Бомба“ од Апенините: Роналдо го напушта Јувентус и се враќа на Островот

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека пристигнала богата понуда од Островот за Кристиано Роналдо и дека Јувентус е спремен да ја прифати.

Наводно на адреса на Јувентус пристигнала понуда од 120 милиони од Челзи. Сопственикот Абрамович ќе го искористи пријателството со Жорге Мендеш за да го донесе Португалецот на „Стенфорд Бриџ“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е спремен да ја прифати понудата со оглед на фактот што Роналдо има 35 години и ова е последна шанса „старата дама“ да заработи голема сума на неговото заминување. Притоа, ќе може да се ослободи од високата плата, а клубот има финансиски загуби поради пандемијата.

Италијанските медиуми објавија дека „старата дама“ ќе се обиде да ги намали договорите на играчите за следната сезона, сето тоа заради пандемијата на коронавирус.

Челзи минатата година не беше активен на трансфер пазарот поради суспензија, па ова лето е спремен да потроши голема сума.

Притоа, има играчи за трампа кои се интересни за Јувентус како Жоржињо, Канте, Емерсон Палмери…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…