Милан е во потрага по засилување во нападот во јануарускиот преоден рок, а не е тајна дека „росонерите“ подолго време преговараат за Златан Ибрахимовиќ.
Наводно Ибра има понуда и од Евертон, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан се вклучил во трката за голгетерската сензација од Салцбург, Ерлинг Халанд.
19-годишниот Норвежанец ја воодушеви фудбалска Европа оваа есен со настапоте во Лигата на шампиони, па многу европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Борусија Дортмунд, Лајпциг и англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Челзи го сакаат голгетерот, но „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и веќе испратиле понуда.
Малдини испратил понуда до неговиот агент за петгодишен договор тежок 5,5 милиони евра по сезона и сега се чека одговор од играчот за „росонерите“ да започнат преговори со Салцбург.
Anche il #Milan ci prova per #Haaland!?
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) December 19, 2019
Pronto un contratto quinquennale da 5,5 milioni di euro a stagione per il giovane attaccante del #Salisburgo! #calciomercatohttps://t.co/XuW1Fyvglc pic.twitter.com/qOkJFfAnL2