Дома Фудбал Италија „Бомба“ од Апенините: Марота го напушта Интер

„Бомба“ од Апенините: Марота го напушта Интер

Еминентниот „Кориере дело Спорт“ денес поприлично ја шокира италијанската јавност со веста дека Бепе Марота може да го напушти Интер.

Марота дојде од Јувентус во Интер и ја извршува функцијата на генерален директор, па од него се очекуваше да биде „архитект“ на шампионски тим.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Меѓутоа, уредниот на „Кориере дело Спорт“, Иван Зазорини тврди од свои извори дека Марота е пред напуштање на Интер, а како причина се наведува расправијата со Антонио Конте.

„Марота веќе 39 години е во улога на спортски директор во многу клубови. Имам чувство дека ќе се пензионира пред време поради Конте“, истакна Зазорини.

Токму Марота беше човекот кој го донесе Конте во Интер, но „нероаѕурите“ не ги постигнаа очекуваните резултати оваа сезона, па помеѓу нив двајцата настанала голема расправија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Далиќ искрен: Имаме хиерархија, Петковиќ не требаше да го шутира пеналот

Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското…