Дома Топ вести „Бомба“: Милан тргнува по Кристиан Ериксен

„Бомба“: Милан тргнува по Кристиан Ериксен

Шпанскиот весник „АС“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека следна голема трансфер цел на Милан е ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данскиот плејмејкер пред почетокот на преодниот рок јавно потврди дека сака да ја промени средината и дека е спремен да го напушти Тотенхем.

Негова најголема желба беше трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ одлучија да се насочат кон Погба и се откажаа од реализација на тој трансфер.

Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува следното лето, а бидејќи фудбалерот одби да го продолжи, „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат ова лето.

За него силен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед, но сега и Милан се вклучува во трката за неговиот потпис.

„Росонерите“ се спремни да го продадат Сусо за 35/40 милиони евра и да понудат 60 милиони евра за данскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…