Дома Трансфер зона „Бомба“: Марио Геце се враќа во Баерн Минхен

„Бомба“: Марио Геце се враќа во Баерн Минхен

Според пишувањата на германските медиуми Марио Геце би можел повторно да се врати во Баерн Минехн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот фудбалер е слободен агент откако му заврши договорот со Борусија Дортмунд и се уште нема потпишано за ниту еден клуб.

Се шпекулираше дека Геце може да се пресели во Серија А, но сега на големи изненадување медиумите во Германија тврдат дека може да се врати во Баерн Минхен.

Тренерот Ханзи Флик одлично го познава Геце и верува дека може се уште да биде важен фудбалер и алтернатива во нападот на Баварците, па веќе имал телефонски разговор со фудбалерот.

Геце од 2013 до 2016 година беше член на Баерн Минхен, а потоа се врати во Борусија Дортмунд, а сега е слободен агент.

Раководството на Баерн веќе го контактирало неговиот агент и двете страни лесно можат да дојдат до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…