Директорите на Милан, Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан денес ќе пристигнат во Мадрид на средба со претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан и Реал Мадрид традиционално имаат одлични односи, па новото раководство доби покана од претседателот Перез на заедничка вечера во Мадрид.
Италијанските медуми откриваат дека на состанокот ќе се разговара за некои фудбалери на Реал Мадрид. „Кралевите“ прават голема реконструкција, па многу фудбалери ќе бидат продадени ова лето, а за некои од нив интерес покажува и Милан.
„Скај Италија“ првично откри дека главна тема на разговорот ќе биде играчот за врска Дани Себаљос, кој е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.
Меѓутоа, „Марка“, која секогаш е добро информирана за случувањата во Реал открива дека „росонерите“ се сериозно заинетресирани за Иско.
? From Spain: #ACMilan ‘very interested’ in Real Madrid midfielder #Isco https://t.co/TMJagjvj1t
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 20, 2019
Цената на Иско во моментов изнесува 70 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ги искористи добрите односи и да го договори трансферот со плаќање на повеќе годишни рати, бидејќи има проблем со Финансискиот фер-плеј.
Што се однесува до Себаљос, неговата цена е 35-40 милиони евра и играчот веќе дал согласност за трансфер во Милано.