Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ неодамна пренесе дека скаути на Интер биле присутни на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити, а во центарот на вниманието бил Кристиан Ериксен.
Целата идеја настанала кога се појави проблем со Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната. Раководството на „нероаѕурите“ има идеја парите од тој трансфер да ги искористи за купување на Кристиан Ериксен.
Денес се појавија информации дека Интер започнал преелиминарни преговори со Тотенхем за трансфер на Ериксен кој би можел да изнесува 130 милиони фунти.
Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува наредната година, па „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат ова лето за да заработат на неговото заминување.
Интер може да си дозволи да ја плати таа сума само доколку го продаде Икарди, а во трансферот би можел да биде вклучен и Перишиќ, за кого Тотенхем подолго време покажува сериозен интерес.
Inter Milan have opened preliminary talks about signing Christian Eriksen, whose contract expires in 2020, from Spurs for £130m. (Source: Tuttosport) pic.twitter.com/ueu57G6PoQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 15, 2019