Дома Трансфер зона „Бомба“ за крај на преодниот рок: ПСЖ може да се засили од Јунајтед, преговорите веќе започнале!

„Бомба“ за крај на преодниот рок: ПСЖ може да се засили од Јунајтед, преговорите веќе започнале!

Францускиот шампион ПСЖ започнал преговори за трансфер на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

ПСЖ го отпиша аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. На Аргентинецот веќе му беше соопштено дека може да бара нов клуб. Замена за Икарди во Париз би можел да биде Маркус Рашфорд.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Л’Eкип“ тврди дека францускиот шампион започнал преговори за доведување на напаѓачот на Манчестер Јунајтед и тоа би била вистинска „бомба“ за крај на преодниот рок.

Рашфорд се враќа од незгодна повреда поради која пропушти добар дел од претходната сезона, а во Париз се спремни да му дадат шанса да ја подигне кариерата на едно повисоко ниво.

Информациите се дека ПСЖ веќе ги контактирал агентите на 24-годишниот фудбалер. Наводно првите преговори се позитивни и одат во насока Рашфорд да се пресели во Париз до крајот на овој месец. Се наведува и дека интерес за трансферот има и од самиот Рашфорд.

Договорот со Манчестер Јунајтед на Рашфорд истекува во јуни наредната година. Тоа значи дека ако Рашфорд инсистира тогаш ПСЖ може да го добие за значително пониска сума отколку што навистина вреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…