Дома Топ вести БОМБА: Диего Симеоне го превзема англискиот гигант?

БОМБА: Диего Симеоне го превзема англискиот гигант?

simeone

Како што пренесува реномираниот „Sky Sports“, кој важи за медиум кој речиси секогаш ги погодува трансферите и работите кои допрва ќе се случат, сопственикот на англискиот премиерлигаш, Фархад Мошири не се откажува од намерата да го доведе Диего Симеоне на „Гудисон“.

Евертон многу лошо влезе во новата сезона и по 11 одиграни кола се наоѓа на 15. позиција во Премиер лигата, а сметката за лошите резултати ја плати тренерот Роналд Куман, за чиј наследник управата на клубот е во потрага изминативе денови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако како кандидат се споменуваше Сем Алардајс, на „Гудисон Парк“, според пишувањето на британските медиуми, имаат други планови. Желбата на Евертон се вика Диего Симеоне, иако е тешко да се очекува дека Чоло во средина на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид со кого во септември потпиша нов договор.

Инаку, привремено решение на клупата на Евертон е досегашниот тренер на помладата категорија, Дејвид Ансворт. Тој „Карамелите“ ги водеше на последните четири натпревари, каде што оствари една победа и три порази. Во следното коло Евертон му гостува на Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…