Дома Топ вести „Бомба“: Даглас Коста се сели во Милан

„Бомба“: Даглас Коста се сели во Милан

Милан покажува сериозен интерес за крилото на Јувентус, Даглас Коста, пренесуваат медиумите на Апенините.

30-годишниот Бразилец во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, но не е задоволен од минутажата и сака да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците се спремни веднаш да ја прекинат позајмицата со Јувентус и да го ослободат Даглас Коста.

За него нема повеќе место во Јувентус, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Тутоспорт“ пренесува дека можно е трансферот да се реализира на 6-месечна позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…