Дома Топ вести „Бомба“: Герет Бејл се сели во Серија А

„Бомба“: Герет Бејл се сели во Серија А

Герет Бејл не е повеќе во плановите на Зидан и најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а можно е кариерата да ја продолжи во Серија А.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за Велшанецот и започнал преговори со неговиот агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Росонерите“ му нудат 3-годишен договор тежок 10 милиони евра по сезона плус бонуси и ќе се обидат да го убедат да се пресели на „Сан Сиро“.

Наскоро се очекува Милан да стапи во контакт со Реал Мадрид и ќе се обиде да договори позајмица до истекот на договорот или да го добие Бејл без обештетување.

Двата клуба може да најдат заеднички јазик бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од високата плата на Бејл и се спремни да го пуштат на позајмица или за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …