Како што пренесуваат медиумите во Турција, екипата која на клупата е предводена од Фатих Терим следното лето би требало да се засили со белгискиот репрезентативец од редовите на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Корпулентниот играч за врска има уште неколку месеци договор со тимот на „Црвените ѓаволи“, често се зборуваше дека во текот на јануари би можел да ја промени средината, но постоеа и гласини дека може да ја продолжи соработката со тимот од „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, како што пренесуваат турските медиуми тој одлучи да го напушти Јунајтед, а кариерата да ја продолжи во редовите на актуелниот лидер во турскиот шампион, екипата на Галатасарај.
Фелаини како што се наведува постигна договор со екипата од Истанбул, ќе го парафризира договорот на четири години со опција соработката да ја продолжи на уште една година.