Дома Топ вести БОМБА: Баерн Минхен тргнува по Герет Бејл

БОМБА: Баерн Минхен тргнува по Герет Бејл

Вчера во шпанските медиуми се појави сензационална информација дека Баерн Минхен покажува силен интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Денес еминентниот германски весник „Билд“ го потврди интересот на Баварците за Герет Бејл, но прецизираше дека трансферот сигурно нема да се случи оваа зима, бидејќи Велшанецот сигурно ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“ до крајот на сезоната.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Како што е познато Бејл веќе подолго време има проблем со повреди, па раководството на „кралскиот“ клуб нема да се противи на негово заминување и веќе бара негова замена.

И самиот Бејл сака да ја промени средината, па иако преферира да се пресели во Премиер лигата, сепак Минхен е инетерсна опција која сигурно нема да ја одбие.

Наводно Баварците се спремни да понудат 100 милионин евра за неговиот потпис, па останува да видиме дали таа сума ќе ги задоволи апетитите на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал експресно најде замена, во Мадрид доаѓа најталентираниот дефанзивец во Европа

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …