Томас Тухел повеќе не е тренер на Пари Сент Жермен, бидејќи раководството реши да му врачи отказ.
Еминентниот „Екип“ потврди дека синоќа спортскиот директор Леонардо му соопштил на германскиот стратег дека добива отказ шест месеци пред истекот на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Томас Тухел стана тренер на ПСЖ во 2018 година, го предводел клубот на 127 натпревари. Минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите, но не успеа да слави против Баерн Минхен.
Медиумите тврдат дека ПСЖ веќе има договор со Маурисио Покетино и во наредните денови официјално ќе го потврди Аргентинецот за нов кормилар.
Наредниот натпревар „светците“ го играат на 6-ти јануари, па се очекува наскоро да се огласат од францускиот клуб.