Дома Фудбал Останато Болт пристигна во својот нов клуб: Ова е сериозно!

Болт пристигна во својот нов клуб: Ова е сериозно!

Повеќекратниот атетски олимписки шампион и светски рекордер, Јамајканецот, Јусеин Болт допатува денес во Сиднеј, каде ќе тренира со фудбалскиот клуб Сентрал Коуст Маринерс.

Бројните на навивачи го дочекаа Болт на аеродромот, вклучувајќи и деца, кои му посакаа добредојде во Сиднеј. Тој со клупскиот шал околу вратот, се сликаше со навивачите и потпишуваше автограми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осумкратниот олимписки шампион ќе тренира неодредено време со Маринерсите и ќе се обиде да добие договор и од октомври да заигра во австралиската лига.

„Ја сакам Австралија, среќен сум што сега можам да ја наречам дом. Ќе се обидам на светот да му покажам, што се можам“, истакна Болт. Тој во вторник би можел првпат да тренира со екипата, на денот кога ќе го прослави својот 32. роденден.

Болт досега тренираше со фудбалерите на Борусија Дортмунд, во јужноафриканскиот клуб Санадаунс и норвешки Стромгогетс.

Маринерс во 2013. година беа шампиони во А лигата, но изминатата сезона завршија на 10. позиција.

Од клубот е соопштено дека Болт ќе има третман како и секој останат играч и дека нема да му биде понуден договор ако не заслужи.

„Веќе зборував за својата желба да играм фудбал. Знам на што се сум способен, и што можам, па ова го гледам како шанса“, наведе Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Иaкo во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од…