Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, во петокот конечно ќе го оствари сонот.
Болт е страствен љубител на фудбалот и долго чекаше некој професионален тим да му укаже шанса.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Болт тренираше со многу познати тимови. Сепак, не беше доволно добар за европските лиги и се одлучи за Австралија, каде се приклучи на екипата на Централ Маринерс.
И конечно, во овој тим ќе добие шанса за игра. Во петокот во пријателски натпревар ќе заигра за австралскиот клуб, што беше потврдено на прес конференција.
„Кога бев на стазите и терените, луѓето доста зборуваа за мене. Успевав да докажам дека не се во право и сега има уште една прилика да докажам дека грешат во врска со мене. Ова веќе не се хуманитарни натпревари, ова е кариера. Знам дека ќе има грешки, знам дека нема да одиграм перфектен натпревар, но одам напред и сакам да се чуствувам гордо после натпреварите.“ – истакна Болт.