Дома Фудбал Останато Болната исповед на Кака: Мурињо беше тежок, среќен си заминав од Реал Мадрид

Болната исповед на Кака: Мурињо беше тежок, среќен си заминав од Реал Мадрид

Легендарниот Кака смета дека направил голема грешка кога од редовите на Милан премина во Реал Мадрид.

Бразилецот беше најдобар играч на светот, освојуваше трофеи со Милан, а потоа стигна богата понуда од Мадрид. Одлучи да им се придружи на Кралевите, но заминувањето кај Жозе Мурињо не се испостави како идеален потег.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„По преминувањето во Реал потполно се загубив, во Италија сите ме сакаа, а во Шпанија сакаа да заминам. Мурињо беше тежок тренер за мене, кога помислив дека ќе ми даде шанса, тоа не се случи. Не можев да му докажам дека сум подготвен да играм, тренирав и се молев да ме пушти да играм“, истакна Кака.

Дуро во сезоната 2013/14 се врати во Милан за кој во таа сезона во 30 натпревари постигна седум погодоци.

„Не бев задоволен на соработката со Мурињо, бев среќен кога го напуштив Реал и кога Мурињо истакна дека сум еден од најдобрите играчи на кои бил тренер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …