Кристијано Роналдо вечерва со ножички ги заледи навивачите на Јувентус, но и потоа предизвика овации.
Реал Мадрид преку Роналдо во 65. минута водеше со 2:0 во Торино, а Португалецот уште еднаш покажа дека моментално е најдобриот играч на светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот погодок го постигна во третата минута на асистенција на Иско, а потоа во 64. минута со ножички по центаршутот на Карвахал за кои долго ќе се зборува.
Неверојатна беше реакцијата на тренерот на Реал, Зинедин Зидан по мајсторијата на Роналдо. Францускиот стратег се фати за глава, како ниту самиот да не можеше да поверува што всушност се случи.
Подоцна Реал преку Марсело го постигна и третиот погодок и до крајот ја потопи „Старата дама“, па се чини веќе го осигура своето место во полуфиналето во ЛШ.