Дома Фудбал Репрезентации Богатинов: Во Тбилиси седев и броев минути до крајот, Ангеловски направи неверојатна хемија

Богатинов: Во Тбилиси седев и броев минути до крајот, Ангеловски направи неверојатна хемија

Искусниот голман Мартин Богатинов во овој циклус повторно беше дел од репрезентацијата.

Богатинов има богата интернационална кариера, сега брани во Кипар, а добар дел од кариерата помина во Украина во Карпати Лвов. Сега тој имаше интервју за украинскиот медиум „24 фудбол“, една од темите секако беше и пласманот на Македонија на Европското првенство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ќе ни треба барем десетина дена за да сфатиме колку важно нешто направивме. Сите не зафати бура од емоции. Во државата се уште се зборува за тоа. Славјето започна уште во Тбилиси, продолжи во авионот, се вративме дома во шест часот наутро. Истиот ден продолжи прославата во хотелот“.

„На натпреварот првпат бев загрижен на еден меч. Додека седев на клупата ги броев минутите до крајот, посебно откако Пандев постигна гол. Кога се слушна последниот судиски свиреж ми падна камен од срце. Ситуацијата во репрезентацијата се промени откако Игор Ангеловски дојде на клупата, создаде една неверојатна хемија во репрезентацијата“, изјави Богатинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…