Дома Фудбал Бобан објасни зошто го избрале Пиоли

Бобан објасни зошто го избрале Пиоли

Тимот на Милан во репрезентативната пауза ја искористи за промена на тренерот.

„Росонерите“ го отпуштија Марко Џампаоло и на негово место дојде Стефано Пиоли.

Именувањето на Пиоли наиде на големи критики од страна на навивачите на Милан. Јавноста смета дека Пиоли е само уште еден во низата промашувања и тренер кој нема да долго да се задржи.

Оние кои критикуваат тврдат дека тренер со 109 победи и 112 порази во Серија А не е достоен да го води Милан.

Звонимир Бобан за медиумите сепак објасни зошто во клубот се одлучиле за Пиоли.

„Имавме краток спсиок од неколку имиња. На крајот го избравме Пиоли затоа што е етренер кој го познава Милан и италијанскиот фудбал. Не сме најдобри во светот, но не сме и она што досега го прикажавме. Веруваме дека Пиоли може да придонесе за подобра игра. Мораме да бидеме оптимисти и да веруваме дека можеме да го вратиме Милан онаму каде што припаѓа. Добро знаеме дека можеме да бидеме многу подобри“, изјави Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навредите за Кинезите и Јапонците го чинеа суспензија: ФА казни судиски контролор

Брајан Керсон доби девет недели забрана за сите фудбалски активности поради дискриминаторс…