Maкедонскиот фудбалер од средниот ред Бобан Николов е пред заминување од молдавскиот Шериф Тираспол кој минатата сезона беше вистински хит во Лигата на шампионите, а го победи дури и Реал Мадрид.
Турските медиуми пренесуваат дека второлигашот од Турција Маниса покажала интерес и дека отворени се преговори кои според нив веќе се во завршна фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите се дека Николов до крајот на оваа недела ќе потпише договор со турскиот клуб. Играчот за врска во кариерата настапуваше уште за Брегалница, академијата на Георге Хаџи, Фарул Констанца, Вардар, Фхервар и Лече.