Дома Трансфер зона Боатенг на излезна врата од Баерн – два гиганти го чекаат со раширени раце

Боатенг на излезна врата од Баерн – два гиганти го чекаат со раширени раце

После цели осум години, Жером Боатенг најверојатни ќе го заврши својот престој во Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Искусниот дефанзивец оваа сезона го загуби местото во стартниот тим, а покрај тоа беше изоставен од националниот тим.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Боатенг призна дека размислува за нов предизвик во кариерата и сака да си замине со освоена титула во Бундеслигата.

„Сакав да заминам уште минатото лето, но тогаш Баерн не ме пушти. Скоро во сите сезони кариерата ми одеше на горе, но оваа сезона воопшто не ми е лесно. Имав многу тешки моменти. Се уште не знам со сигурност дали ова е посладната моја сезона во Баерн, но ако е така сакам да си заминам како шампион на Германија“, изјави 30-годишниот дефанзивец.

Минатото лето Баварците му поставија цена од 50 милиони евра, но никој од заинтересираните клубови не сакаша да ја плати таа сума.

Германските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот ова лето може да си замине за 30 милиони евра, а интерес за неговиот потпис покажуваат ПСЖ и Јувентус.

И двата клуба ова лето ќе се борат за неговиот потпис, па останува да видиме дали Германецот ќе ја продолжи кариерата во Париз или во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …