Дома Ракомет Блесок на новото засилување на битолчани, Еурофарм Пелистер стигна до третото место во СЕХА

Блесок на новото засилување на битолчани, Еурофарм Пелистер стигна до третото место во СЕХА

Екипата на Еурофарм Пелистер победи во „малото финале“ во СЕХА Лигата против хрватскиот вицешампион Нексе со 27:23 и така го освои третото место.

После поразот од Веспрем за Еурофарм Пелистер остана борбата за третото место која на крајот и ја добија. Во почеток во кој немаше многу голови, Нексе водеше со 7:5, а потоа видовме серија на битолчани со 3:0 за пресврт и преземање водството.

Сепак хрватскиот тим беше тој кој водеше на полувремето. Решавачки за победата на Еурофарм Пелистер се покажаа првите десет минути од второто полувреме кога „пелистерци“ направија серија со 6:1 и поведоа со 18:15.

До крајот на натпреварот македонскиот претставник успеа да го задржи водството, еден од најзаслужните беше Лејска кој блесна со 12 одбрани. Новајлијата Хосни постигна шест гола, додека Јелениќ кај Нексе постигна четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ ја носи Лигата на шампионите во Берси: На нишан е францускиот рекорд

Дуелот со Фуксе Берлин на 3 март 2027 година ќе биде прв натпревар на ПСЖ во Лигата на шам…