Дома Фудбал Блесок на Нестор: Постигна пет гола на пријателски натпревар за Удинезе

Блесок на Нестор: Постигна пет гола на пријателски натпревар за Удинезе

Репрезентативната пауза некои клубови ја искористија да одиграат пријателски натпревари со цел да останат во форма пред продолжение од сезоната.

Екипата на Удинезе која сезонава е едно пријатните изненадувања во Серија А забележа убедлива победа против Чионс од 10:2. Македонскиот напаѓач Илија Несторовски на оваа средба ги постигна половина од головите за својот тим.

Очигледно Нестор полека се враќа во потребната форма после тешката повреда. Ќе потсетиме, тој не беше во конкуренција за настап за Македонија во изминатиот период, а селекторот Благоја Милевски изјави дека Несторовски ќе добие повик кога ќе биде максимално спремен.

Викендот во Серија А Несторовски и Удинезе ги очекува натпревар против Верон во кој ќе се обидат да дојдат до шестата победа во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сакал карантин пред мечевите: Бенатија откри како реагирал Алегри

Португалецот побарал помош од Бенатија за да ја избегне ноќта во карантин пред натпреварит…