Екипата на Ливерпул предводена од Мохамед Салах со победа против Ипсвич ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се држеше храбриот Ипсвич еден час, но потоа на сцена стапи Мохамед Салах кој во пет минути запиша гол и асистенција што беа доволни за конечен триумф.
Салах прво му асистираше на Жота во 60. минута за по пет минути и самиот да се запише во листата на стрелци. Со постигнатиот гол Салах стана и единствениот фудбалер кој постигнал девет гола во првите натпревари од сезоната.
Имаше Ливерпул и уште некоја прилика до стартот, но резултатот не се промени.