На десет одиграни натпревари во НБА лигата изминатата ноќ не недостасуваа возбудувања, а ноќта ја обележа Лука Дончиќ.
Во победата на Мавси над Пеликанс 143:130 Дончиќ стигна до 46 поени што е негов рекрод во кариерата. Покрај 46 поени, Словенецот подели 12 асистенции и оствари осум скока.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дончиќ имаше и одлична поддршка од Крстапс Порзингис со 36 поени и за него тоа беше рекорд на кариерата. Кај поразениот тим се истакна Зион Вилијамсон со 36 поени.
Никола Вучевиќ беше одличен во победата на Орландо над Кингси со 123:122. Со 42 поени беше најзаслужен за 17. победа на својот тим.
Јута продолжи со одличните настапи. Сега пред нив паднаа Бакси со 129:115. Руди Гобер и Џо Инглес со по 27 поени се истакнаа кај домаќините, а за гостите Јанис Антетокумпо постигна 29 поени.
До нови победа стигнаа и Лејкерси против Мемфис (115:105). Одлични кај Лејкерси беа Ентони Дејвис со 35 поени и Леброн Џејмс со 28 поени.
Никола Јокиќ повторно беше еден од најзаслужните за победата на Денвер против Оклахома. Денвер славеше со 97:95, а Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл од 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции. Се истакна и Џамал Мареј со 22 поени и по пет скокови и асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Њу Орлеанс 143:130, Шарлот – Минесота 120:114, Вашингтој – Њујорк Никси 91:109, Атланта – Сан Антонио 114:125, Бостон – Детроит 102:108, Чикаго – Клиперси 106:125, Денвер – Оклахома 97:95, Јута – Милвоки 129:115, Портланд – Кливленд 129:110, Сакраменто – Орландо 112:123.