Eкипите кои се во конкуренција да добијат место во Лигата на шампионите чекаат ЕХФ да ја соопшти конечнатао длука, меѓутоа според неофицијални информации кои ги објавија поголем број светски медиуми во најелитното европско ракометно натпреварување ќе нема место за Е.Пелистер.
Еурфарм Пелистер има амбициозен проект и во изминатиот период ангажираше неколку квалитетни ракометари, сепак Битолчани ќе треба уште да се докажуваат на европската сцена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информациите говорат дека вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите ќе добијат: Пик Сегед, Цеље, Мешков Брест, Динамо Букурешт, Елверум и Нант каде што настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров.
За Нант местото во ЛШ би значело враќање во најелитниот ракомет после пауза од една година. Лазаров пак влегува во последната година од неговиот договор со Нант и на 40 години ќе има можност да ги покаже своите квалитети.
Еурофарм Пелистер и уште осум екипи кои побараа вајлд-карта (шампиони или вицешампиони на држави си послаб рејтинг) ќе мора да се задоволат со настап во новоформираната Европска лига. Треба да споменеме дека за тоа натпреварување конкурираа Металург и Бутел Скопје во почетните квалификациски натпревари, меѓутоа се чека ЕХФ да одреди кој ќе оди директно во група, а кој ќе игра квалификации.