Дома Фудбал Битка за финале на „Камп Ноу“: Може ли Барса до пресврт?

Битка за финале на „Камп Ноу“: Може ли Барса до пресврт?

Денес на програмата е ревнаш натпреварот од ½ финалето на шпанскиот Куп на Кралот во кој Барселона на Ноу Камп ќе го дочека тимот на Севиља. Натпреварот е закажан за во 21:00, а резултатот од првиот дуел е 2-0 во корист на Севиља.

Барселона: Може ли Барселона до пласман во големото финале?

Многу лесно може да се случи фудбалерите на Барселона и оваа сезона да ја завршат без ниту еден трофеј. Имено, Каталонците се пред елиминација од ЛШ бидејќи во првиот дуел од 1/8 финалето доживеаа тежок пораз на домашен терен од ПСЖ каде што славеа со 1-4, а навистина им е потребно чудо за да стигнат до пласман помеѓу осумте најдобри европски екипи. Кога е во прашање Ла Лига, Барса игра многу променливо и моментално е на второто место со пет бода помалку во однос на Атлетико кој има и еден натпревар помалку. Денес, Барса мора да ја „брка“ предноста од Севиља која воопшто не е наивна, па затоа може да кажеме дека ги очекува доста тешка задача, но утеха може да им биде тоа што ги совладаа во последниот натпревар во рамките на Ла Лига.

Севиља: Голема предност од првиот натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред се, Севиља ја оствари својата примарна цел кога е во прашање оваа сезона и тоа без никаков сомнеж тоа беше пласманот во нокаут фазата во ЛШ каде што за жал доживеаа пораз во првиот натпревар од Борусија Дортмунд со резултат 2-3. Кога е во прашање првенството, Андалузијците нема да имаат големи проблеми за повторно да се пласираат во ЛШ со оглед на тоа што на контото имаат 10 бода повеќе за разлика од петтопласираниот тим на Реал Сосиедад. Искрено, во овој натпревар имаат големи шанси за да стигнат до финалето бидејќи 2-0 не е воопшто мала предност. Мора да нагласиме дека е многу тешко да се игра на три фронта, но како и да е, слободно може да констатираме дека Севиља се снаоѓа одлично.

Предлог

Барса мора да се отвори и да оди на победа ако сака да стигне до финалето, па затоа како прв предлог на овој натпревар ви нудиме 1 со квота 1.55 во 1xBet, а похрабрите може да испробаат со 1/1 за што ќе си добијат квота 2.25 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…