Дома Македонски спорт Билетите за Малта – Македонија пуштени во електронска продажба

Билетите за Малта – Македонија пуштени во електронска продажба

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Малта – Македонија кој ќе се одигра на 12. септември, 2023 г. на стадионот „Та` Кали“ во Малта се пуштени во продажба.

Билетите, по цена од 8 евра за возрасни лица и 4 евра за лица под 12 години и повозрасни од 60 години можат да се купуваат електронски на следниот линк – TУКА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупниот број на билети кои се наменети за македонските поддржувачи во секторот од северната трибина на стадионот „Та Кали“ изнесува 4000 (сината боја од мапата на стадионот). 

Фановите кои ќе патуваат во Малта, билетот за натпреварот Малта – Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…