Голманската кризна во Баерн Минхен го натера раководството да испрати официјална понуда до Баерн Леверкузен за Бернд Лено, пренесува „Билд“.
Баварците покрај одредена сума на пари на „фармацевтите“ им го понудиле и резервниот голман Свен Урлих и го сакаат Лено уште во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен веќе подолго време има проблеми со голманската позиција, бидејќи Ноер е надвор од терените поради повреме и ќе се врати после Нова Година. Неговиот заменик Урлих се здоби со повреда па сега голот на Баварците ќе го чува ветеранот Том Штарке, кој неодамна се врати од пензија.
Поради тоа Баварците сакаат да осигураат добар голман уште во јануари, па го сакаат Лено. Во неговиот договор со Баерн Леверкузен има откупна клаузула од 18 милиони евра, која станува активна следното лето.
BILD are reporting that Bayern Munich are interested in signing Leverkusen's Bernd Leno.
Bayern's current GK situation:
? Manuel Neuer
? Sven UlreichWould a move for Leno make sense? ?? pic.twitter.com/5en1ljpiac
— DW Sports (@dw_sports) December 11, 2017