Пјер-Емерик Обамејанг е на излезна врата од Борусија Дортмунд, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде лондонски Арсенал.
Обамејанг поради недисциплина го пропушти последниот меч на „милионерите“ против Волфсбург, а сега од Германија пристигнуваат нови вести.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тренерот на Дортмунд, Петер Штогер потврди дека Обамејанг нема да биде во тимот за натпеварот против Херта, потврди „Билд“.
Германскиот весник тврди дека тренерот го ослободил Габонецот од овој натпревар за да може да го комплетира неговиот трансфер во Арсенал.
Преговорите се во напредна фаза, па Обамејанг наскоро би требало да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.
BREAKING: Dortmund boss Peter Stöger has given Pierre-Emerick Aubameyang permission to miss Friday’s match against Hertha Berlin. (Source: BILD) pic.twitter.com/wvsGsRezeB
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 17, 2018