Дома Фудбал Германија БИЛД: Нико Ковач е еден од кандидатите за клупата на Дортмунд

БИЛД: Нико Ковач е еден од кандидатите за клупата на Дортмунд

Нико Ковач после нешто повеќе од година ипол доби отказ во Баерн откако неговиот тим имаше серија лоши резултати, а тоа беше доволно управата да му се заблагодари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од тогаш се шпекулира каде би можел Ковач да ја продолжи тренерската кариера, а германски Билд пренесува вест дека тој е еден од кандидатите за клупата на Борусија Дортмунд.

Последниот кикс на Милионерите против Падерборн дополнително ја разниша клупата на тренерот Фавр, а сега му е ставено до знаење дека мора да оствари победа против Барселона во ЛШ и Херта во Бундеслигата доколку сака да ја задржи позицијата.

Во Борусија имаат голема почит кон Ковач поради неговите резултати во Ајнтрахт, но прашање е како навивачите ќе го пречекаат со оглед на тоа дека го водеше нивниот најголем ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Целосна војна: Барса го растура најважниот летен трансфер на Атлетико?!

Откако Роналд Араухо одлучи да замине во Ливерпул, се појави вест дека Барселона неочекува…